User:Evilcomedian

From Wikipedia, the free encyclopedia

Во физиката, интерференцијата е феномен во кој два брана создаваат помали или поголеми амплитуди. Интерференција е интеракција меѓу бранови кои се во корелација или во кохерентност едни со други,зошто можат да доаѓаат од ист извор или затоа што тие имаат блиска или иста фреквенција.Ефектите можат да се набљудуваат со повеке типови на бранови,како на пример светлина, радио, звук, површински водни бранови и материјален бран.

Механизам[edit]

Интерференцијата од лево патува (зелени) и десно патува (сини) бранови во една димензија, што резултура во финални (црвени) бранови
frame Интерференција на бранови од два точкасти извора.
frame Интерференција на бранови од два точкасти извора.
Зголемена слика од обоена интерференциска-шара. Црните области ("дупки") се области каде филмот е многу тенок и има речиси деструктивна интерференција.

принцип на суперпозиција на бранот налага дека кога два или повеќе бранови инцидираат во иста точка, вкупното поместување во точката е еднакво на векторска суми на поместувањето на индивидуалните бранови. Ако врвот на бранот сретне врв на друг бран со иста фреквенција во иста точка, тогаш големината на поместувањето е еднаква на сумата на индивидуалните поместувања (конструктивна интерференција). Ако врвот на едниот бран се сретне со дното на друг бран тогаш големината на поместувањето е еднаква на различните индивидуални големини (деструктивна интерференција).


Комбиниран бран

Бран 1
Бран 2

Конструктивна интерференција
Деструктивна интерференција

Конструктивна интерференција се јавува кога фазната разлика измеѓу брановите е производ 2π, додека деструктивна интерференција се јавува кога разликата е π, 3π, 5π и слично. Ако разликата е помеѓу фазите е средна измеѓу тие два екстреми, тогаш и големината на поместувањето на сумираните бранови е помеѓу минималната и максималната големина.

Во случај кога два идентични камена се пуштат во мирен базен со вода на различни места, секој камен генерира циркилуран бран кој се движи од точката каде каменот е пуштен. Кога двата камена ќе се преклопат, конечното поместување во одредена точка е сума на поместувањата на индивидуалните бранови. Во други точки, брановите ќе бидат во антифази и нема да има конечно поместување. Затоа, деловите од површината ќе бидат стационирани – тие се гледаат на горната слика и десно како стационирани сино-зелени линии кои се движат радијално од центарот.

Помеѓу два рамни брана[edit]

Геометриска положба за два рамни бранови интерферации
Мешањето на рабовите доаѓа до преклопување на рамните бранови

Едноставна форма на интерференција се добива ако два рамни брана од иста фреквенција се сечат во агол. Интерференција во суштина е процес на енергетска редистрибуција.Енергијата која е изгубена во деструктивната интерференција се стекнува во конструктивната. Еден бран патува хоризонтално,а другиот вертикално под агол 0.Претпоставуваме дека двата брана се во фаза “Б”,тогаш релативната фаза се менува по должината на х-оската

Можеме да видиме дека двата брана се во фаза кога

,

и се на половина од циклусот кога

Помеѓу два сферни брана[edit]

Оптичка интерференција се јавува меѓу два извора за различни бранови должини и разделби на изворот

Точкаст извор создава сферен бран.Ако светлината доаѓа од два точкасти извора и се прекршуваат,интерференцијата е таква каде што разликата на фазата меѓу два брана се менува во просторот.Ова зависи од брановата должина и одвојувањето на точкастите извори.Фигурата на десно покажува интерференција меѓу два сферни брана.Брановата должина се зголемува од доле кон горе и растојанието меѓу изворите се зголемува од лево кон десно.

Кога рамнината на на набљудување е доволно далеку,ќе се појави шема во вид на прави линии,бидејќи брановите ке бидат скоро планарни.

Повеќе зраци[edit]

Интерференција се слуќува и кога повеќе бранови се спојуваат заедно ако разликите на фазите меѓу нив е константна.

Некогаш е пожелно за неколку брана од иста фреквенција и амплитуда да се сумираат со нула (така што ќе дојде до деструкција на интерференцијата).Овој принцип се користи на пример во три-фазната елетрична моќ и дифракционата решетка.Во двата случаја,резултатот се добива со зголемувањето на растојанието меѓу фазите.

Лесно е да се види кога брановите ќе се откажат ако имаат иста амплитуда и нивните фази се на исто растојание.Користејќи комплексни амплитуди, секој бран може да се претстави како за бранови од до ,каде

.

Да се покаже

Дифракционата решетка може да се гледа како повеќе зрачен интерферометар,бидејќи врвовите кој ѓи продуцира се генерирани од интерференција меѓу светлината преносена од секој од елементите во хелиумот.

Оптичка интерференција[edit]